Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за седумте службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани. Тие се  осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“. Поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот. Во него  59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди.

Уште седум полициски началаници и службеници уапсени поради незаконската лиценца на „Пулс“

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, како што информираат од Кривичен, го прифати предлогот за определување мерки за обезбедување присуство против седум службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои доцна попладнево беа спроведени во судот.

-Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите седум осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и Околности кои укажуваат дека може да го повторат делото, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

(ВИДЕО) Тошковски: Засега приведени се 26 лица – списокот ќе се проширува!

 

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Извор: Канал 5