Во Општина Јегуновце до 15 часот гласале 26,11 отсто или 2667 од 10.225 граѓани кои имаат право на глас, покажуваат податоците на ОИК Јегуновце. Следува Општина Теарце со 25,15 отсто излезност на граѓаните, при што од 22450 избирачи гласале 5.161 луѓе.
– Од вкупно 85.577 граѓани до 15 часот во Општина Тетово гласале 25,07 проценти од граѓаните или 13.193 жители на градот и селата, инфомираше Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.
Во Брвеница гласале 24,98 отсто од избирачите односно од 15.732 евидентирани жители гласале 3297 граѓани. Од 24.485 жители на Општина Желино гласале 3140 граѓани или 23,03 отсто од запишаните избирачи. Најмалку излезност од 22, 46 отсто има во Општина Боговиње каде од28.307 граѓани гласале 6045 луѓе.