Унгарија со 10 милиони жители има највисока стапкна на смртност од последици од Ковид-19 во светот, но во исто време земјата спроведе најбрза програма за вакцинација во Европа.
Мислам дека до следната среда или четврток ќе бидат вакцинирани четири милиони луѓе, посочи Орбан, кој се соочува со неизвесна изборна трка во 2022 година, и се обидува да ги балансира напорите во борбата против пандемијата со сè погласни повици за рестартирање на економијата и избегнување на длабока рецесија втора година по ред.
Унгарија беше мета на критики затоа што почна да користи кинески и руски вакцини пред да бидат одобрени од страна на Европска Унија, но Орбан истакнува дека тоа беше исправен чекор.
– Не ми е гајле дали мачката е црна или бела. Само сакам да фати глушец, посочи Орбан.