Орбан истакнал дека „вакцината против Ковид-19 е слична како полиса за животно осигурување“ и додал дека викендов ќе ја прими третата доза вакцина.

– Четвртиот бран на пандемијата наскоро ќе дојде во Унгарија, вели Орбан кој наведува дека 59 проценти од Унгарците се вакцинирани против Ковид-19.

Орбан го повика населението да се вакцинира и предупреди дека делта варијантата на вирусот е далеку поагресивна од претходните мутации.