Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги демантираше шпекулациите дека заемот од официјална Будимпешта за Македонија е всушност кинески заем.

Она што се однесува до заемот, ние кинески заем не можеме да даваме, кинески пари не можеме да даваме, бидејќи ние со Кина имаме договор сите тие пари од Кина што доаѓаат, одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Значи кинески пари не можеме да ви даваме, европски пари можеме, и тие ќе ви ги даваме, порача унгарскиот премиер Орбан на прес-конференцијата со претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски.