Организацијата, посочи Османи, со својот мандат и алатки може позитивно да придонесе во таа насока, за што е потребна поголема политичка волја и поддршка од страна на самите држави.
-Како иден претседавач со Организацијата во 2023 година, Северна Македонија ќе работи на зачувување и промоција на основните вредности и принципи на ОБСЕ, почнувајќи уште од почетокот на следниот месец, како дел од триото претседавачи, задно со Полска и Шведска, истакна Османи, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Во рамки на своето обраќање Османи, исто така, ја посочил Македонија како пример на функционална мултиетничка демократија, во хармонија со вредностите и обврските на ОБСЕ, како и важноста на европската перспектива за регионот, како важен фактор за неговата безбедност и стабилност.
На маргините на министерскиот совет, Османи, како што информираат од неговиот кабинет, остварил средби и со колегите од Финска, Полска, Романија, Малта, Австрија, шефот на делегацијата на Франција, и со претставничката за слобода на медиумите на ОБСЕ.