Како што соопшти МНР, од денеска Османи е во работна посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи Хајко Мас и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.
Целта на посетата е да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.
Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава“. Ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.
В среда, Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од претседателот на Владата, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.