Османи преку нејзината страница на Твитер порача дека „воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Грција би придонело за развојот на регионот и за опстоен мир“.
– Денеска го примив министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и повторив дека воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Грција би придонело за развојот на регионот и за опстоен мир. Очекувам да продолжиме со јакнењето на билатералните односи во наредните години, напиша Османи.
Според соопштението од кабинетот на косовоската претседателка, таа на средбата со шефот на грчката дипломтија нагласила дека односите меѓу двете земји се добри и дека „признавањето на Косово од страна на Грција уште повеќе ќе ги продлабочи билатералните и мултилтералните односи на двете држави“.
– Претседателката Османи го нагласи и значењето на вклучувањето на Косово во евроатлантските безбедносни механизми, како и потребата од зголемување на трговската и економската размена и на соработката во сферата на туризмот и културата, се вели во соштението.
Дендиас, како и на претходната средба со шефицата на косовсата дипломатија, Доника Грвала, го нагласил значењето на продолжувњето на дијалогот меѓу Косово и Србија до постигнување конечен договор. Тој ја изрази поддршката на Атина за европскиот пат на Косово, како и на процесот на визна либерализација на косовските граѓани.