Во атарот на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Велес.

Во ОВР Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело. Случајот бил пријавен вчера во 16.40 часот. Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ стои во соопштението.

По наредба на јавен обвинител, остатоците се предадени на обдукција и ДНК анализа со цел утврдување на идентитетот и причината за смртта.

Истрагата е во тек, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.