„Оставете ја администрацијата да работи од дома“, „За 8 минути стигнав од ТЦ Бисер во Аеродром до Карпош“. Ова се само дел од коментарите кои ги дадоа скопјани изненадени од празните булевари и посебниот режим на сообраќај.

Невообичаено празни улици и растеретен сообраќаен метеж. Граѓаните кои имаа обврски во центарот на градот деновиве се изненадени од малата фреквенција на сообраќај и брзото темпо по кое може да се стигне од едната до другата страна на градот заради големиот настан на ОБСЕ за кој МВР спроведе посебен режим на сообраќај.

Неработењето на училиштата и државната админстрација го растеретија целосно скопскиот метеж. Освен тоа, многу фирми овие два дена на своите вработени им рекоа да работат од дома заради министерскиот сообраќај. Дополнително, автобусите се движат по саботен возен ред.

Ваквата несекојдневна глетка ги изненади и луѓето кои се активни на социјалните мрежи, па даваа најразлични коментари.

Докторот Ненад Лазаров преку сатиричен статус го сврте вниманието на јавноста за јавната админстрација.

Остајте ги од дома да работат овие “администрација”, личи на град градов,побрзо на работа у живот немам стигнато.

И познатиот Инстаграм инфлуенсер Никола Николовски кој пишува под псведонимот Боемот даде свој коментар.

„Од ТЦ Бисер во Аеродром до Карпош за 7-8 минути. Фала ОБСЕ“, напиша Боемот на Инстаграм споделувајќи видео како вози низ празните булевари во Центар.