Дваесет и осумгодишен државјанин на Словенија е лишен од слобода во Охрид по пријава дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 26 јули околу 06:30 часот. Полициски службеници од СВР Охрид го привеле К.Г. (28) пред казино на улицата „Абас Емин“, откако било пријавено дека во станот во кој престојувале во Охрид, тој агресивно се однесувал и ја нападнал девојката.

По предлог на надлежните органи, Основниот суд во Охрид му определил мерка притвор во траење од осум дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информираат од МВР.