Енергетската криза „удри“ и по поштенскиот сектор. Годинава осум фирми кои нудат поштенски услуги ставиле клуч на врата, три од нив само во последната недела.

Од Агенцијата за пошти очекуваат овој тренд да продолжи и во 2023 година. Микрокомпаниите се најзасегнати бидејќи се со ограничени капацитети и трошоците им се зголемени поради поскапувањето на енергенсите.

И покрај ова, Ѓоревска уверува дека пратки и писма има кој да доставува бидејќи на поштенскиот пазар се присутни 38 оператори, меѓу кои и АД „Македонска пошта“. Проблем е пристигнувањето на истите за што граѓаните поднеле неколку претставки до Агенцијата. Состојбата ќе се подобрува со нова стратегија.

Со години за АД „Македонска пошта“, како носител на индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга, се бара соодветен модел за претпријатието да функционира поефикасно и да се надоместат наталожените долгови. Пред два месеци вработените протестираа поради заостанати плати.