Марина Јацко, заедно со нејзиното момче, Федор, итно се упатиле во болница, откако нејзиниот 18-месечен син Кирил бил ранет во гранатирање во Мариупол, Украина.

Фотографот на Асошиетед прес Евгениј Малолетка ја снимил сцената додека медицинските работници избезумени се обидувале да го спасат животот на бебето, но не преживеа, објави Си-Ен-Ен.

Клучниот град Мариупол е под опсада на руските сили решени да ја зајакнат контролата врз Украина. Денеска украинските власти ја обвинија Русија дека го гранатирала градот и цивилните коридори, и покрај сопствената согласност за прекин на огнот. Западните власти забележаа промена во руската стратегија со зголемени напади врз цивили и населени места.