Во Кочани денеска беше осветен новопоставениот крст кај кружниот тек во близина на „Национал“, подигнат во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Чинот го изврши митрополитот Иларион
Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештеници од Кочанското архиерејско намесништво.
Крстот поставен во спомен на загинатите
Новоизградениот крст е поставен како траен симбол на сеќавање и почит кон младите животи згаснати во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Граѓаните им оддадоа почит со заедничка молитва
На свечениот чин присуствуваа бројни граѓани, верници и членови на семејствата на настраданите.
Присутните со заедничка молитва им оддадоа почит на трагично загинатите.
