Вевчани е завиено во црно. Потресено од трагедијата која се случи ноќеска, откако во сообраќајка загина Милан Муковски, жител на општината и син на експратеникот Крсто Муковски.
Годинешнава Василица нема да биде како минатогодишните. Скоро и да нема маскирано лице по улиците, објавува Скопје1.
„Поради трагедијата која се случи вчера во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни погина млад член на Вевчани, можете да забележите и сами, учиците во Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Скоро се празни. Скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани не потресуваат. Вечерашниот концерт, забавниот дел е откажан. Мислам дека нема да има учесници“, вели Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани.
Некои ресторани нема да работат, некои ќе работат без музика.
„Вевчани овој ден го чека цела година, но не на ваков начин. Имавме средба со василичарските друштва од горна и долна маала, сега традицијата ќе продолжи онака како што ќе продолжи. Дефилето ќе се одржи во некоја минимална состојба. Кој ќе учествува – ние не можеме да влијаеме. Ваква никогаш не било. Сами забележавте дека маскирано лице немаше низ улиците“, додава тој.