Арнаутовиќ беше стрелец на третиот гол за Австрија во нивната победа над Македонија од 3-1. Австријскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради неговиот примитивен испад.
Наместо да му се израдува на голот, тој се сврте кон Алиоски и почна да го пцуе и да гестикулира кон него. Тоа го праеше се додека Алаба не притрча да го смири.
Многумина се прашаа зошто е овој испад на Арнаутовиќ. Некои англиски медиуми тврдат дека се работи за нерасчистени сметки меѓу двајцата фудбалери од сезоната во Чемпионшип кога Алиоски играше за Лидс, а Арнаутовиќ за Стоук.