Ендрју Вуд, претставник на Корпусот на морската пешадија на САД, соопшти дека заклучно со денеска, поради одбивање да се вакцинираат, биле отпуштени 206 маринци.

Вооружените сили на САД во последно време ги засилуваат дисциплинските мерки за воените лица кои одбиваат да се вакцинираат.

Лојд Остин, министер за одбрана на САД, при крајот на август објави наредба за вакцинација на војниците. Крајниот рок за вакцинација на маринците помина на 28 ноември.

Според Вуд, од над 182.000 маринци кои се во активна служба, 95 отсто се вакцинирани, но многумина од нив делумно.