Отворањето на „Гола месечина“ се одложува за утре поради временските услови

Отворањето на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, поради временските услови, се одложува за в среда, 11 септември. Стендап-настапот на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски се одложува за утре со почеток од 19:00 часот, по што ќе настапи Импров група, како што првично беше предвидено, пишува в.д. градоначалникот Дејан Митески.

Следните настапи ќе се одржат според објавениот репертоар во паркот „Авионче“, а сите претстави почнуваат во 20:00 часот.