Утре, во периодот од 10 до 12 часот, просториите на Советот на Општина Аеродром ќе бидат отворени за сите кои сакаат да ги презентираат своите предлози и идеи пред градоначалникот и советниците, со цел креирање на буџет кој ќе биде скроен во согласност со потребите и барањата на граѓаните.

Од Општина Аеродром велат дека овие средби се организираат втора година по ред, а со нив уште еднаш се потврдува заложбата на општината за транспарентно работење, отвореност за сугестии, како и градење на инклузивен процес за креирање политики кои ќе ги адресираат сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните.