Овие луѓе живеат во плодна долина на многу висока надморска височина, на 6.000 м или повеќе. Таму преовладува земјоделската активност, пејзажот е прекрасен во текот на целата година и се смета дека е утописка средина бидејќи обезбедува изолација од остатокот од светот. Покрај тоа, некои велат дека долината Хунза била основа за Шангри-ла во романот „Изгубениот хоризонт“ од 1933 година, пишува индекс.хр.
Колку долго живеат Хунзите?
Никој навистина не знае колку живеат припадниците на оваа нација. Лекарите ги прегледале и претпоставиле колку години имаат. Факт е дека тие се споменуваат во сите извештаи како постара популација, витална и без болести.
Како се заштитени од болести?
На кратко – тие вежбаат. Околината во која живеат Хунзите е планинска, па теренот е крајно нерамен. Селата се изолирани и стари повеќе од 1000 години. Овие луѓе немаат друг избор освен да се движат по стрмни и остри гребени. Покрај тоа, обработливото земјиште не е секогаш лоцирано покрај нивните домови. Понекогаш е на два часа пешачење од селото.
Што јадат тие?
Хунзите јадат претежно растителна храна, сурова. Бидејќи се толку изолирани од остатокот од светот. Немаат пристап до голема количина на продукти за приготвување храна, ниту многу животни на располагање, за јадење, па затоа садат и собираат храна. Одгледуваат кајсии, цреши, грозје, сливи и праски. Тие исто така јадат многу житарици, како пченица, јачмен и просо.
Дали се среќни?
Апсолутно. Всушност, некои истражувачи ги нарекуваат најсреќните луѓе на земјата. Тие се страствени и енергични.
Што можеме да научиме од овие луѓе?
Нивните три главни совети се: јадете сурово овошје и зеленчук, вежбајте секојдневно и гледајте на светот позитивно.