– ОВР Берово ќе поднесе 15 кривични пријави против Т.М.(42) од Кочани и К.М.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела.
Тие се сомничат дека во периодот од 08.03.2020 до 24.02.2021 извршиле осум „тешки кражби“ во цркви по член 236 од Кривичниот законик, пет „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик и две „тешки кражби“ во викенд куќи по член 236 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР