Едно лице утрово се здобило со повреди откако паднало од мотор на улицата Благоја Паровиќ во скопската населба Топанско Поле. Инцидентот предизвика прекин во одвивањето на сообраќајот на овој фреквентен патен правец.
Веднаш по несреќата, минувачи и граѓани од околните возила притрчале на помош за да му помогнат на повредениот мотоциклист да стане од коловозот.

Сообраќајот на улицата е привремено блокиран, а на местото на настанот се очекуваше да пристигне полицијата за да изврши увид и да ги утврди причините за падот.
