Тоа е првата европска влада која паѓа поради пандемијата. Коалициските партнери на Матович ќе останат како дел од владата, за да се избегне организирање на нови предвремени парламентарни избори.
Претседателката на земјата, Зузана Чапутова ги прифати оставките и мандат за формирање на нова влада му даде на досегашниот министер за финансии, Едуард Хегер.
До политичката криза во словачката влада дојде откако на почетокот на март беше обелоденето дека преку таен договор владата договорила да набави 2 милиони дози од руската вакцина „Спутник В“. За овој договор не биле известени коалиционите партнери на Матович, па под нивни притисок тој прифати да даде оставка од премиерското столче.
Словачка е сериозно погодена од пандемијата на коронавирусоt. Досега се регистрирани над 359 илјади случаи на ковид-19, од кои 9 624 починаа. Во моментов имаа околу 95 илјади активни случаи.