Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, каде синоќа избувна пожар, имало 500 гости, иако биле пријавени само 250 влезници. Тој потврди дека меѓу присутните имало и малолетни лица, при што дваесетина од повредените се тинејџери, а тројца од загинатите биле деца под 18 години.

Панче Тошковски: Преполн капацитет и малолетници во дискотеката

Панче Тошковски откри сериозни неправилности во функционирањето на дискотеката.

„Во Диско клубот ‘Пулс’ во Кочани имало 500 гости, иако биле пријавени само 250 влезници“, изјави Тошковски на денешната прес-конференција.

Тој потврди дека меѓу присутните имало и малолетни лица.

„Во дискотеката имало малолетници. Според нашите информации, дваесетина од повредените се тинејџери, а тројца од загинатите се деца под 18 години“, додаде министерот.

Извор: Fokus