На своето прво патување во странство по операцијата на дебелото црево во јули, 84-годишниот поглавар на Римокатоличката црква ја нарече пандемијата „најголемиот тест на нашето време“.

– Тоа не научи колку е лесно, дури и кога сме сите во ист брод, да излеземе и да размислиме за себе си, истакна папата.

Словачка, која е членка на Европската унија и има 5,4 милиони жители, оваа година има највисока стапка на инфекција и смртност по глава на жител во светот за неколку недели.

– По долги месеци на пандемија, со јасна свест за проблемите со кои се соочуваме, нестрпливо очекуваме економски подем со помош на плановите за обнова на Европската унија, нагласи папата во словачкиот главен град Братислава.

Но, тој предупреди против „минливото чувство на еуфорија“ и фокусирање на придобивките кога земјите почнаа да закрепнуваат, и наместо тоа, побара Европа да покаже „солидарност, која, преминувајќи ги границите, може да ја врати во центарот на историјата“.

Папата Франциск ќе се сретне и со еврејската заедница во Словачка подоцна денеска, еден ден откако предупреди дека антисемитизмот се уште „демне“ низ целиот свет.