Американците често користат една изрека „freedom isn’t free“. Во право се, слободата не паднала од небо, туку за истата некој се изборил.
Пишува: Никола НИКОЛОВСКИ
Со оваа објава сакам да ве потсетам на Гемиџиите и далечната 1903 година. Од 28 април до 1 мај во Солун се случиле серија напади од страна на Гемиџиите или Солунските атентатори, анархистичка револуционерна група составена од млади македонски интелектуалци. Целта на нивните напади била да се нападне европскиот капитал во Отоманската империја за да се привлече вниманието на големите сили кон македонското прашање.
Солунските атентати почнале на 28 април 1903 со потопување со динамит на францускиот брод Гвадалкивир, а продолжиле со кревање во воздух на возот на линијата Истанбул-Солун, напад на цевките со гас за осветлување, а со напад на Отоманската банка и на Турската државна управа и со неколку други акции.
Секогаш се воодушевувам на овие голобради момчиња, биле на возраст од само 18 до 22 години. Замислете колку биле млади, а колку свесни за она што се случува околу нив. За нивното херојство можеме со денови да зборуваме, но малкумина знаат дека тие биле од угледни фамилии и велеле: „Немаме проблем со парите, туку со слободата“.
Тие го жртвувале својот живот за Македонија, за денес, повеќе од 130 години подоцна некои политичари да прават обратно: Ја жртвуваат Македонија за својот живот.
Политичарите денес? Од кај да почнам? Национални предавства, корупција, тендери во четири очи, криминали, врски, „знаеш ли кој сум“, „нема да дознаат, ќе ја наредиме“. Зборуваат за идеали, а партиите ги гледаат како бироа за вработување, додека пак функцијата ја како можност за лично богатење наместо простор за општествено делување.
И истите вие зборувате за „ликот и делото на Гемиџиите“! Не ви е срам? Ич да не ги ставате во уста! Се однесувате недостојно кон нив. Вака ли им враќате за нивната кауза кон Македонија? Да се погледнете во огледало и да почнете од самите вас. Знајте само едно: „Проклети да се предавниците“!
Боемот 2.0
P.s. Кога сме на тема Гемиџиите, предлог книга: „Ѓорѓи Абаџиев – Пустина“. Задолжително прочитајте ја!
View this post on Instagram