Пецаков истакна дека и како кандидат за градоначалник на Охрид ќе направи се за да граѓаните на општина Охрид се горди и имаат подобри услови за живот. Кандидатот за градоначалик на град Охрид Пецаков кажа дека овие локални избори се од голема важност и дека од нив зависи промената на политичките сили на политичката сцена и пораз на националните понижувања од страна на СДСМ.

– По сите неправди кои што ни се случија зарем треба да се откажеме зарем нашите предци така лесно се откажувале. Секако дека не. Драги мои стојам пред вас гордо со исправена глава искрено и чесно и ви ветувам за Охрид и охриѓани доаѓаат поубави времиња. Занимавајќи се со политика скоро 20 години постепено напредувајќи низ структурите на партијата сум бил на низа политички одговорни функции за сега да бидам пратеник во собранието на Република Македонија. Во овие 4 години владеење на СДСМ и Заев видовме само национален срам и понижување особено во последната година после предвремените парламентарни избори видовме дека буквално не постојат ниту граници, а уште помалце национални чувства. Токму ова последново е мојата ѕвезда водилка во кандидатурата за градоначалник на Охрид и ми дава посебен мотив и искрена желба за успех затоа што сум убеден дека победа на локалните избори во Охрид ќе покрене и низа политички процеси вклучувајќи ја и промена на политичките сили на политиката сцена во Македонија, рече Пецаков.

Пецаков потенцираше дека е падот на СДСМ и Заев на локалните избори ќе даде патоказ кој ќе води кон светла иднина на државата и сите граѓани. Победа на ВМРО-ДПМНЕ на локлните избори ќе значи крај на хибридниот режим на Заев и СДСМ додаде Пецаков.

– Цврсто убеден дека патоказот кој ќе го добие Македонија ден после победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ ќе не води кон светла иднина и подобро утре за сите луѓе. Браќа и сестри со кандидатурата за градоначалник покрај мотив чувствувам и чест и одговорност за дадената доверба од страна на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски и можноста да бидам дел од тимот кој ќе го започне почетокот на крајот на хибридниот режим на Заев дополни Пецаков.

Пецаков од Охрид порача дека главната цел на неговата кандидатура за градоначалник на Охрид е да го направи Охрид поубаво место за живеење и место каде младите ја гледаат својата перспектива. Охрид да биде град и светска туристичка дестинација. Пецаков истакна дека фокусот како градоначалник ќе му биде на проекти и теми поврзани со борба против дивоградбите, урбанизирање на сите неурбанизирани населби во градот, изградба на велосипедски патеки, грижа за статусот на Охрид во УНЕСКО поддршка на угостителско туристичкиот сектор и многу други проекти и идеи кои се од круцијална важност за општина Охрид.

– Но секако покрај главниот мотив се кандидирав за градоначалник за Охрид да биде поубаво место за живеење, Охрид да биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина Охрид да биде светска туристичка дестинација град кој ќе блесне со сиот свој сјај. Мои Охриѓани бидете убедени дека никогаш нема да ве разочарам. Фокусот на она што ќе го одбележи мојот мандат ќе биде ставен на неколку главни теми и проекти поврзани со истите но секако дека динамиката на работата која што ќе биде наметната ќе биде можност за остварување на многу проекти кои што ќе ја променат и подобрат сликата за Охрид генерално. Денес ќе споменам дел од идеите и проектите поврзани со културата и туризмот како тема на денешната трибина а би биле дел од програмата за претстојните локални избориа тоа е максимално вложување и борба со создавањето на нови дивоградби и дивеењето со урбанизмот, урбанизирање на сите населени места во Охрид кои долги години немаат урбанистички планови, изградба на велосипедски патеки, грижа за Охрид и статусот на Охрид во УНЕСКО и постапување по нивните препораки, ревитализација на студечишкото блато додека во делот на туризмот максимална подршка во секаква смисла на зборот за угостителско – туристичкиот сектор во Охрид, туристичките оператори, туристичките водичи, станоиздавачите и сите оние кои на некаков начин живеат за и од туризмот во Охрид. И сето ова надополнето со секојдневните потреби и проблеми на граѓаните на општина Охрид и месните заедници ќе биде нашиот приоритет, потенцираше Пецаков.

Пецаков кажа дека граѓанинот ќе биде ставен во центарот на локалните избори и неговите потреби и желби и кажа дека во креирање на програмата за локалните избори ќе бидат активно вклучени граѓаните со давање на идеи на повеќе локации во Охрид се со цел креирање на програма која е во служба на сите жители на Охрид. Пецаков на крај кажа дека работа и посветеност е она што го нуди за Охрид и охриѓани и дека победата е неминовна.

– Сакам да ја потенцирам можноста на секој граѓанин на повеќе локации во Охрид ќе имаме денови за проекти, идеи во кој што секој граѓанин ќе може полноправно да учествува и да биде понатака дел од она што ќе претставува програма за локалните избори во Охрид. Народот е свесен, атмосферата и енергијата се тука треба да ги канализираме да сработиме и победата е тука, наша е заврши Пецаков.