Сепак Пекер потврдува дека бил однесен во полиција од резиденцијата во Дубаи.
– Драги мои пријатели, од пладне го напуштив местото каде што престојував но заедно со полициските власти. Сега се вратив на местото каде што престојувам со моето семејство. Имавме меѓусебен разговор поради интензитетот на обвинувањата против мене. Тие пак мене ме известија дека нема проблем да заминам или да останам во земјата, напишал Пекер.
Бизнисменот вели дека тој според меѓународното право не е личност која е барана и затоа не е можно неговата врховна држава да организира службена операција против него.
– Тие се однесуваа кон мене љубезно како што се однесуваат кон секоја нормална личност, вели Пекер по разговорот во полиција
Претходно турски новинар објави дека криминалецот Седат Пекер е уапсен во Дубаи, откако турските власти претходно издадоа налог за апсење по него.
Пекер, покрај тоа што во Турција е познат како еден од водачите на криминалната организација, е вклучен и во случај на фалсификување пасош во Македонија.
Информацијата за неговото апсење ја објави новинарот Алишер Делек.