Поранешниот претседател Стево Пендаровски реагираше на тврдењата на Љубомир Фрчкоски изнесени во емисијата „Во Центар“, во која во негативен контекст беше спомнато неговото име.

Во статус на својот профил на Фејсбук, Пендаровски напиша:

„Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум ‘мешетарел’ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување.
Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради ‘квалитетот’ на изворите со кои се дружат.“

Изјавата на Фрчкоски, која предизвика реакција, беше дадена во емисијата „Во Центар“, каде тој рече:

„Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе…“

Иако Фрчкоски претходно најави дека нема да зборува за имиња, сепак директно го спомна Пендаровски.

Во политичките кулоари подолго време кружат шпекулации дека поранешниот шеф на државата води иницијатива за реформи во СДСМ и пошироко во опозицискиот блок, но досега никој официјално не потврдил такво нешто.

ФРЧКОСКИ ГО ОБВИНИ ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА САКА ДА ГО СРУШИ ФИЛИПЧЕ: Еве што промаши претходно!