Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Прилеп, присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак. Претседателот положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на градот и оддаде почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, информираа од Кабинетот на Пендаровски.
Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положи цвеќе и пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, каде што на 8 август 2001 година животот го загубија десеттемина армиски резервисти од Прилеп.