Иако првенствено лажеше дека не се сретнал со израелскиот експерт, претседателот Пендаровски денеска официјално го потврди пишувањата на Радио Лидер дека се сретнал со Асаф Еисин.

Откако Николовски постави прашање дали Пендаровски се среќавал со контроверзниот Асаф Еисин Пендаровски прво негираше дека плаќал за странски експерти, но денеска признава дека имал средба со пропагандистот кој работи и за српскиот претседател Вучиќ.

Со тврдењето дека Пендаровски со Асаф се сретнал на средба организирана од СДСМ чиј консултант е израелскиот Британец претседателот направи огромна штета на СДСМ која сега ќе треба да објасни со кои пари и кога го ангажирала експертот за кампањи.

Прочитајте повеќе:

Пендаровски молчи и не демантира дека се сретнал со Асаф Еисин

Пендаровски денеска призна дека сепак се сретнал со израелскиот стратег и медиумски гуру кој работи на изборни кампањи на повеќе звучни имиња од регионот меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Асаф Еисин бил консулстант на социјалдемократите, па затоа партијата која го поддржува на претстојните избори ја организирала оваа средба.

,,Во однос на лицето за кое прашувате, претседателот Пендаровски и соработниците го имаат сретнато лицето во својство на консултант на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средба која ја имаше организирано таа политичка партија која и формално му ја има дадено поддршката за претседателот Пендаровски за претстојните избори”, велат од Кабинетот на Пендаровски за Алфа.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека тој ги следел анкетите кои се прават во Македонија од различни агенции, институти и меѓународни организации, но никогаш немале нарачано и платено анкета со средства од буџетот на Кабинетот.
Откако изби скандалот, Кабинетот на Пендаровски во изминатите денови остро демантираше дека формално го ангажирале Еисин, и немаше ниту збор за што се разговарало на средбата.

Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти – напиша Пендаровски пред два дена.

„Ајде да слушнеме како стои Пендаровски во однос на Силјановска Давкова. Дали имате анкети?

Апсолутно. Апсолутно. Ниту еден кандидат не влегол во претседателска трка а да нема направено никаква анкета“ – рече Пендаровски во телевизиско интервју на 4 март.

За консултациите со странски консултант објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Николоски праша дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата, и ако е така дали тоа ќе го пријават во антикорупциската комисија?

Инаку, Израелецот Асаф Еисин е познат како консултант на српскиот претседател Александар Вучиќ и со години се споменува како главен креатор на победничките изборни кампањи на првиот човек на Србија. Сепак, Еисин не е исклучиво „човекот на Вучиќ“, туку го има употребено своето ПР знаење и во други земји. Досега соработувал со политичари во Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија, Србија и Романија.

Express