Како што соопштија од кабинетот на претседателот, соговорниците ги потврдија партнерските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, одличната соработка и сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите останати области.

Претседателот Пендаровски, се посочува, истакна дека Северна Македонија и натаму останува посветена на реформските процеси, градењето на добрососедски односи и активно учествува во сите иницијативи во насока на унапредување на регионалната соработка.

-САД се наш долгогодишен сојузник и принципиелен поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, јавната администрација. Остануваме посветени на зацврстување на стратешкото партнерство и поттикнување на уште подлабоки пријателски односи меѓу двете земји, истакна на средбата претседателот Пендаровски.

Претседателот посочи дека членството во ЕУ останува наша стратешка цел и дека Унијата мора да изнајде начин, да го вреднува досега сработеното и да овозможи дебоклокада на евроинтеграцискиот процес.

Во соопштението стои:

-Секое натамошно одложување на почетокот на преговорите го зголемува евроскептицизмот кај граѓаните, и негативно се одразува на политичките состојби во земјата, додаде претседателот Пендаровски на средбата со Рикер