Пендаровски утре во 14:00 часот ќе прими вакцина против Ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово.

Од таму не наведуваат со која вакцина ќе биде вакциниран претседателот, но по завршувањето на вакцинацијата е предвидена изјава на претседателот Пендаровски за медиумите.

Според последните податоци на Министерството за здравство, дневно се вакцинираат над 13 илјади граѓани на целата територија, од кои повеќе ја примаат првата доза на вакцина, а околу илјада лица се ревакцинираат.

Досега над 350 илјади граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk.