Денот на трудот не е ден за прославување, туку ден за кревање на гласот на работникот, честит 1-ви мај, вели во својата честитка по повод меѓународниот ден на трудот, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

-ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ! ОВОЈ 1-ВИ МАЈ, УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОСВЕТУВА НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ!

СИЛЕН РАБОТНИК = СИЛНА МАКЕДОНИЈА!

Денот на трудот не е ден за прославување, туку ден за кревање на гласот на работникот.

Моите и заложбите на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се:

1. Да се стави крај на родовата поделба, на работни места за мажи и работни места за жени;

2. Почитување на домашните и меѓународните утврдени права на работниците;

3. Зголемување на платите;

4. Редовни и вонредни инспекциски контроли, со цел искоренување на работата на црно;

5. Право на годишен одмор, боледување и продолжено породилно отсуство!, пишува Пешевска во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук.

ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ! ОВОЈ 1-ВИ МАЈ, УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОСВЕТУВА НА СИТЕ…

Posted by Жаклина Пешевска on Saturday, May 1, 2021