Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година.
По повод петгодишнината денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба. Ќе бидат присутни министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата. Според агендата, на почетокот на настанот ќе се обрати министерот Муцунски по што ќе следи затворена дискусија.
Оваа година е поинаква за Македонија затоа што сега на клучна позиција е Радмила Шекеринска.
Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО!
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар на оваа институација. Шекеринска имаше клучна улога во влезот на Северна Македонија во НАТО пред четири години. Шекеринска беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана.