Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

„Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи.

Нашиот народ знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога ни е најпотребна“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

.