– Ние честопати споменуваме покрај сериозната здравствена криза со која што се соочуваме како држава истовремено сериозно имаме економска криза. И навистина жалам што се уште се нема доволно свесност и разбирање за колкава е самата потреба од истата, но она што можам да ви го пренесам е дека ние успеавме како политичка партија или најголема политичка група во рамките на Парламентот, пратеничка група, да издејствуваме да се одржи таа КОВИД седница на која што беа разговарани токму законите од петтиот пакет на мерки, истакна пратеничката.
Петрушевска додаде дека законите од петтиот пакет на мерки се исклучително важни, но тоа значи и економска помош за граѓаните и стопанствата кои беа погодени од КОВИД кризата.
– Петтиот пакет на мерки се однесува на сите, не препознава одредена дали верска, дали религиска или било каква поинаква таргет група, туку тие се навистина наменети за поддршка на граѓаните, на стопанството, нагласи таа.
Пратеничката посочи дека пратениците треба да работат за доброто на граѓаните.
– Ние апелиравме веднаш откако беше донесен овој пакет на мерки да биде ставен на седница, знаеме дека претседателот на Собранието е токму од делот на парламентарното мнозинство и можеше навистина побрзо да се реагира, за да се излезе во пресрет на стопанството и на граѓаните. Но истовремено сметам дека требаше да се искористи онаа седница каде што парламентарното мнозинство дојде во Собранието и наместо да се изгласа петтиот пакет на мерки, гласаа доверба на Зоран Заев, истакна Петрушевска.