Јас не познавам пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, од овие 44, кој што дал некаде некаква изјава за поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите под ваков диктат и условување. Јас можам да ја убедам, по не знам кој пат, македонската јавност и вас лично, дека уставни измени овој парламентарен состав нема да поддржи, рече во вечерашната „Топ Тема“, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Уставни измени во вакви уценувачки околности кои ѝ даваат право на Бугарија бесконечно да нè блокира нема да се случат, му се обрати Петрушевски директно на својот колега од СДСМ, Дарко Каевски, кој претходно порача дека го радува фактот дека „надвор од лидершипот на партијата, предводен од Христијан Мицкоски, сè повеќе пратеници, членови и поддржувачи на најголемата опозициска партија даваат изјави со кои се застапуваат за евроинтегративниот процес на Македонија, но не само со декларитивните изјави“.