Петрушевски рече:

-Во однос на ставот на Зоран Заев за Резолуцијата која ги опфаќа црвените линии кон спорот со Бугарија, несериозно е тоа што Зоран Заев и СДСМ по четврти пат го менуваат своето мислење. Суштината на самата Резолуцијата се црвените линии за идентитетот, јазикот и историјата, напишани од МАНУ, УКИМ и МПЦ. Заев да не се заглавува во формата, игнорирајќи ја суштината. И секое одложување на нејзиното носење значи дека Заев се бори за простор за пазарење со Бугарија. Не би сакале да веруваме дека има некои подлабоки причини за опструирање на оваа Резолуција. СДСМ треба да погледне подалеку и да застане зад македонските интереси