Користиме филибастеринг нормална алатка во секоја демократска земја за кочење на еден закон, користиме амандманска можност да интервенираме со голем број амандмани онаму каде што деловникот ни дозволува, онаму каде што шверцуваат со европско знаменце како што впрочем денеска го шверцуваат законот за смедководствени работи немаме ние ни деловничка можност да ги закочиме, истакна Бране Петрушевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМЕ на гостување во емисијата Топ Тема на ваша страна на телевизијата Телма.

Одговарајќи на прашањето што значи активната блокада тој објасни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите закони кои што значат финансиска помош, поголеми плати или субвенции и дека тоа било потенцирано уште на првиот ден од почнувањето на блокадата.

-Секој закон кој што значи финансиска помош, поголеми плати или субвенции ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а се друго ќе биде блокирано. Тоа јасно го кажавме уште првиот ден и тоа подразбира активна блокада, потенцираше Петрушевски.

Дополнително Петрушевски истакна дека власта одбива да разговара и нема слух за ништо што произлегува од опозицијата па дури и директната помош која тие ја понудиле.

-Се друго ќе го блокираме како алатка која што ни ја дава деловникот за да ги натераме замислете да седнеме. Исто една политичка неукост или неискуство незнам како да го дефинирам. Кога се седнува да се разговара едната страна нуди точки на дневен ред, другата страна нуди точкуи на дневен ред се седнува и се разговара. Се разговара за предвремени избори, она што алудирате вие дека условуваме, се раазговара за тимот кој што ние им го понудивме како економски експерти, експерти во образование, помош во делот на преговорите со Бугарија, се седи и се разговара на тие теми. Ние со наши аргументи, тие со нивни аргументи, вели тој.