Навистина е романтично иако целосно лажно кога Миле Зечевиќ вели дека државата ќе ја внел во Европската Унија и дека СДС споделувала прозападни вредности, и сето тоа кажано од човекот чија кариера почнува уште од времето на ТАТ и криминалниот октопод, и чиј најголем дострел е палењето на американската амбасада, кон крајот на деведесеттите.
Пироманот Зечевиќ може во своето презиме да додаде освен Вардарски, и Македонски, налик на Александар Македонски, но тоа не ја менува сликата што токму неговата партија го смени името на државата, а за возврат останавме во чекалницата на ЕУ. Тој може еден ден да каже дека е и Крале Марко, но тоа не го менува фактот дека Зечевиќ е само подизведувач на ДУИ во нивните криминали.
Неговото тврдење дека поблиску му било да сработи отколку да се слика изгледа комично, бидејќи сите партиски гласила се преполни од фотографии од Зечевиќ кој по интензитетот на фотографии наликува на балканска турбо фолк ѕвезда, отколку на сериозен политичар.
До наредното ново презиме на Зечевиќ очекуваме барем да биде проприземен за реалноста и бедата во која ја втурнаа Македонија.