Сепак, тој со своите интервенции и смиреноста на голот го привлече вниманието на европската фудбалска јавност.
Иако неговиот Рајо Ваљекано и без него во составот успеа да се избори за враќање во шпанската Ла Лига, сепак тој би можел да ја промени средината и следната сезона да настапува во некој посериозен клуб, кој има нешто поголеми амбиции.
Имено, Гранада и Гетафе се наметнуваат како први фаворити за потписот на македонскиот голман, а овие две екипи според квалитетот повисоко котираат од Рајо Ваљекано, кој следната сезона повторно го очекува битка за опстанок, додека Гранада и Гетафе изминативе сезони играа во Европа.
Интересно, ова би можело да биде и враќање за Столе Димитриевски во Андалузија, бидејќи тој беше дел од екипата на Гранада, која во 2012 година го купи од Работнички. Сепак, тој доби шанса за настап на само еден натпревар во првиот тим, а во главно бранеше за Б тимот на овој клуб, по што се пресели во Химнастик, од каде замина во Рајо на позајмица, кој потоа го откупи во 2019 година.
Поради одличните игри на ЕП, особено поради фактот што Димитриевски беше втор најдобар голман според интервенциите на ЕУРО во групната фаза, а во второто коло беше и во идеалниот тим, цената и интересот за Димитриевски се зголемија, но според информациите, токму Гранада и Гетафе се главните кандидати за неговиот потпис, а тој таму сигурно ќе има поголема шанса да се наметне како прв избор меѓу стативите.