По концертите во Берлин, Амстердам, Гетеборг и Копенхаген, дојде на ред и Париз.

На нивниот официјален Инстаграм споделија неколку фотографии од настапот во Франција. Дамијано носи краток кариран фустан за овој настап под кој има кошула, додека другите членови на бендот беа облечени во панталони и кошули.

„Можеш ли да бидеш поубав и поталентиран отколку што си?“, „Како можам да дишам?“, „Те сакам“, „Модни икони“, се само дел од коментарите под нивната заедничка фотографија.

Дамијано никогаш не престанува да ги воодушевува фановите. По изборот за песна на Евровизија, бројот на следбеници на Инстаграм се зголеми, достигнувајќи сега повеќе од четири милиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)