Оваа скандинавска земја од викендот ги ублажи повеќето од ограничувањата поврзани со Ковид-19. Соседните земји Шведска и Данска во категоризацијата на ЦДЦ се сместени во нивото 3. Во Источна Европа, од вчера на нивото 4 се премести и соседна Бугарија.
Согласно критериумите на ЦДЦ, во категоријата земји со „многу висок ризик“ на Ковид-19 се ставаат оние што во последните 28 дена имале повеќе од 500 случаи на 100.000 население.
ЦДЦ препорачува луѓето да избегнуваат патувања во земјите означени како земји со висок ризик. Секој што, сепак, ќе одлучи да патува во овие земји треба да се вакцинира. Речиси 90 дестинации во светот во моментов се наведени како високо ризични.
-Целосно вакцинираните патници се со помала веројатност да пренесат и да шират Ковид-19. Меѓутоа, меѓународните патувања претставуваат дополнителни ризици, па дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на зголемен ризик од инфекција и евентуално ширење на некои варијанти на Ковид-19, пренесе Си -Ен -Ен.