На границата од Грција кон Македонија по продолжениот велигденски викенд синоќа се забележани долги колони возила. За излез од Грција на граничниот премин Евзони се чекало со часови.

Причина плус за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕС (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ, наместо досегашното рачно евидентирање на пасошите.

Од граничниот премин „Дојран“ велат дека проблеми нема на македонската страна од границата, а побавно тече сообраќајот од грчка страна, посебно во текот на попладневните часови, поради враќањето на македонските посетители од Грција.

Со новиот европски систем, се исфрла досегашното ставање печати во пасошите, така што на секое преминување на надворешните граници на Шенген зоната ќе се врши со електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти.

Предвидено е системот EEС да ги бележи точните датуми на влез и излез и да врши автоматска проверка на правилото за дозволен престој од 90 дена во рамки на 180 дена, со што ќе се намалат можностите за негово прекршување.