Елиф Елмас и неговите соиграчи од Аталанта имаат повод за радост откако на гостински терен ја совладаа екипата на Монца со минимални 0:1.
Единствениот гол на овој натпревар го постигна Крстовиќ во вториот дел. Македонскиот репрезентативец Елмас се најде во стартните единаесет на овој дуел и беше дел од значајниот триумф.
Од друга страна, екипата на Милан со конечни 1:2 ја совлада Џенова на нејзин терен.
Стрелци на погодоците за миланскиот тим беа Сисе и Пулишиќ кои погодија во првиот дел, додека конечниот резултат го постави Елертсон во самиот финиш на дуелот.
