-Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската болница, Билјана Гагачовска.
Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром, пренесе СДК.МК.
Во Ковид-центраот во Битола хоспитализирани се вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.