Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров денеска почина во Скопје. На социјалните мрежи со него се збогуваат пријателите и колегите. Беше жива енциклопедија, велат, слава му.

Нека почива во мир, дебармаалец, стар, асли скопјанец, мангупиште градско, Тоше малиот како што го викаа дебармаалци, велат во групата „Стари скопјани“.

Тодоров студираше политикологија на Универзитетот во Љубљана, долгогодишната работа како новинар и уредник го донесе и во македоското собрание. Беше одличен познавач на внатрешната политика, искрен и ценет критичар и аналитичар.