Партенко се враќала од Грција кога почувствувала отежнато дишење, по што била повикана итна помош од Велес.
-Била побарана помош, лицето имал отежнато дишење. Испратена е лекарска екипа со доктор Јадранка Мишкова, која била на лице место, кажа за ТиРековМиРече д-р Василка Пановска, началник на Итната помош.
Д-р Јадранка Мишкова изјавила:
-Веднаш по повикот се упативме на местото на настанот. Пациентката беше без знаци на живот, без пулс, со агонално дишење. Минуваше екипа од приватна болница Филип Втори, кои сами пријдоа, имаше кардиолог во возилото, кој застана и со неговата екипа ја реанимиравме. Побаравме помош и од уште едно возило на велешка итна помош. Реанимацијата траеше 60 минути, беа пуштени повеќе инјекции со адреналин, но беше без успех