Четириесет и едногодишна жена од Битола вчера била пронајдена почината во сместувачки капацитет лоциран на улицата „Македонска фаланга“ во градот. Трагичниот настан бил веднаш пријавен во Секторот за внатрешни работи Битола од каде што биле испратени надлежни екипи.

Лекар од Итната медицинска помош пристигнал на местото и констатирал смрт кај жената, при што било утврдено дека нема видливи траги на насилство врз телото.

Полициски службеници извршиле детален увид на самото место на настанот. По наредба на дежурен јавен обвинител, телото на починатата било предадено на одделот за судска медицина заради вршење на обдукција.